Ново Село (Демирхисарско)За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Ново Село — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.[3] Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар.[3] ИсторијаВо XIX век, Ново Село било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство. Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото во основа има полјоделска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 200 жители, сите Черкези.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 300 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7] Селото е мало, коешто во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година 50 жители македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 28 Македонци и 1 останат. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНово Село е македонско село, а во минатото било албанско. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општествена зграда.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia