Галичани претставува старо село во Прилепскиот крај. За него постои помен уште од средниот век: се споменува во 1335 година.[3]
При крајот на турското владеење во селото постоеле повеќе чифлици: Османов, Чаталоски, Амет-Ножарски, Ќамиловски, Фаиковски, Раифов, Амди-бегов, Шевет-бегов, Рамзи-бегов, Џемаилов.[4] По 1912 година, жителите ја откупиле земјата од муслиманските сопственици.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
231
—
1953
301
+30.3%
1961
341
+13.3%
1971
359
+5.3%
1981
338
−5.8%
Година
Нас.
±%
1991
270
−20.1%
1994
253
−6.3%
2002
251
−0.8%
2021
193
−23.1%
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Каличани и имало 35 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Галичани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Галичани е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 341 жител, а во 1994 година 253 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Галичани живееле 251 жител, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 193 жители, од кои 184 Македонци, 1 Албанец и 8 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Јуруковци (5 куќи) доселени се од мариовското село Полчиште. Некој нивен предок (Трајче) седел како измеќар кај некој бег во Канатларци и по тоа го добиле името; Томевци (6 куќи) живееле во Коњари, Кадино Село и Беровци. Овде се доселени крајот на XIX век; Музревци (2 куќи) доселени се во XIX век од селото Кадино Село, подалечно потекло од селото Трап, таму биле старинци; Стевановци (1 куќа) доселени се од Загорани, каде припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од областа Железник; Илијовци (1 куќа) доселени се од Кадино Село, таму припаѓале на родот Самарџијовци доселен од некое битолско село; Бандеревци (6 куќи) и Бетевијовци (2 куќи) доселени се однекаде; Тамбуљевци (6 куќи) и Барлевци (2 куќи) првите се доселени од селото Кадино Село, а вторите од селото Врбоец во 1915 година; Србиновци (1 куќа) и Момировци (1 куќа) порано биле еден род доселени се од поречкото село Белица во 1938 годинаБелица; Костовци (2 куќи) доселени се од поречкото село Манастирец во 1938 година; Димовци (2 куќи), Дејановци (1 куќа) и Милевци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1938 година.[16]
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Прилеп.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Прилеп.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“