Горно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.
Географија и местоположба
Горно Свиларе се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, северно од Вардар.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 10 христијански и 1 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 3 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 86 жители Албанци муслимани и 60 Македонци христијани.[5] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
271
—
1953
284
+4.8%
1961
313
+10.2%
1971
358
+14.4%
1981
505
+41.1%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
600
—
2002
712
+18.7%
2021
845
+18.7%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци, 25 до 50 Македонци и 25 до 50 други жители.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 712 жители, од кои 711 Албанци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 845 жители, од кои 830 Албанци и 15 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Горно Свиларе е албанско село, а порано имало и Македонци.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Албански
Доселеници:Матњан (7 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Они се првите албански доселеници. Го знаат следното родословие: Фета (жив на 70 г. во 1948 година) Имер-Јакуп-Асан-Мемет, кој се доселил; Дибран (9 к.) доселени се кога и претходниот род. Доселени се од Дебарско. А таму се доселени од Албанија; Љумљан (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Името го добиле по областа Љума од каде потекнува фисот; Дац (7 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија.
Македонски
Доселеници:Ѓорески (2 к.) и Чинговци (2 к.) доселени се од селото Кучково. Во родот Ѓорески го знаат следното родословие: Крсто (жив на 48 г. во 1948 година) Кузман-Ѓоре, кој се доселил; Васовски (1 к.) потекнуваат од предокот Стојан кој дошол како посинет во родот Чинговци. По потекло овој род е од Тетовско.[15]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)