Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 37 км југозападно од градот Костур и на 27 км југозападно од Рупишта. Сместено е на планината Одре на надморска висина од 900 м.[4]
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот од XIX век Осничани било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Осничани имало 840 жители Македонци.[5][6] На Картата на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осничани е заведено како село со 120 куќи.[7] Не е познато дали овој број е преувеличен.
На почетокот на XX век целото население на Осничани било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не им дозволиле на учителите Зисо Сапунџиев од Осничани и Анастасија Талева од Битола да отворат народно училиште во селото.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Осничани имало 960 Македонци, сите под егзархијата.[5][10]
Селото било упориште на комитите во Костенаријата и на многу наврати е напаѓано од грчки андартски чети. Според зборовите на Христо Силјанов:
„
Имињата на селата Старичени, Езерец и Осничени станаа симболи на хероизам и мачеништво.[13]
“
Во февруари 1905 г. една андартска чета ги убила осничанскиот поп и браќата Христо и Иван Димитрови. На 25 август 1905 г. селото е нападнато од 250 андарти, меѓу кои имало турски и албански разбојници. Селската милиција, која имала само 8 пушки, дала двочасовен отпор, по што се повлекла, оставајќи неколку убиени, меѓу кои бил свештеникот Симо Зисов. Андартите делумно го запалиле селото, се подбивале со мртовците, па изгореле 17 куќи и се повлекле дури откако на помош на осничанци дошле селските милиции од соседните Мангила, Марчишта и Долени.[14] Турскиот јавен обвинител кој го разгледувал случајот подоцна им порачал на осничанци дека „грчките чети ќе ги научат на памет“, а офицерот што го придружувал додал „Кој ви е крив, станете Грци ако сакате да бидете раат“.[15]
На 7 мај 1906 г. голема андартска чета го нападнала Осничани од Жиковишкиот манастир. Во селото присуствувале двајца членови на реонската чета на ВМОРО, Нумо Кировски и Кољо Бараков, кои командувале со одбраната на селската милиција. во неколкучасовната борба убиени се командантите на андартската чета, поручникот Андонис Влахакис и потпоручникот Леонидас Петропулакис. По пристигањето на војска од Жужелци, Рупишта и Костур андартите се повлекле. Според Христо Силјанов Грците имале 28 загинати и 5 заробени. На 20 јуни андартите се одмаздиле за поразот кога вон селото фатиле и убиле пет осничанци.[16] Според грчки податоци, андартските загуби биле 15 загинати и 11 ранети.[17]
Во мај 1907 г. девет куќи во селото биле изгорени од андарти.[18]
Во 1909 г. во Осничани имало 45 македонски куќи под егзархијата и 5 прогрчки куќи кои ги држеле црквите и училиштето.[19]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија во 1910 г. во Осничани (Οσνίτσανη) порано имало околу 60 семејства, кои сега се намалиле на 50 како последица од нападите на грчките чети и турската војска врз комитите, кои пак го претвориле селото во свое упориште поради поволната местоположба.[20] Според него, половината оделе во грчка црква и училиште, а половина оделе во македонско училиште сместено во изнајмена куќа.[21]
За време на војната селото е окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција. Н. Манов и Н. Попзисов од Осничани се уапсени од грчките власти под обвинение дека вршат „пробугарска агитација“.[23] На пописот од 1913 г. селото се води со 454 жители, а во 1920 г. забележани се 353 лица.[3]
Во меѓувоениот период имало големо иселување во Бугарија и прекуонеанските земји.[3] Од 1914 до 1919 г. 43 жители на Осничани, а по 1919 г. уште 42 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[24]
Во 1927 г. селото е преименувано во Кастанофито. Мажите традиционално оделе на печалба — така, на пример, во 1928 г. регистрирани се само 98 мажи наспроти 151 жена. Се произведувале жито, костени и овошје, а жителите делумно се занимавале и со сточарство.[3]
Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946 – 1949) кога многу жители се иселиле во источноевропските земји.[3]
Георги Гичев — револуционер, деец на ВМОРО, кој во 1902 г. ја донел четата на Васил Чакаларов во Осничани и ги удрил темелина на револуционерната работа во Костенаријата, долгогодишен претседател на костенарскиот реонски револуционерен комитет[28]
Тана Кировска (1862 – 1932) — револуционерка на ВМОРО
Ангел Петров (1885 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[36]
Апостол Николов (1895 – ?) — III чета на XI Серска дружина[37]
Атанас Георгиев (1890 – ?) — I чета на VII Кумановска дружина, ранет на 6 јули 1913 г.[38]
Атанас Д. Чуков (1885 – ?) — студент, хемичар, штаб на IV Битолска дружина, носител на крстот „За храброст“ IV степен[39]
Атанас Христев (Христов, 1877 – ?) — III чета на X Прилепска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[40]
Васил Атанасов (1876 – ?) — III чета на XI Серска дружина[41]
Евтим Атанасов Мишајков (1877 – ?) — II чета на VII Кумановска дружина[42]
Јордан Мишајков (1887 – 1913) — I и II чета на VI Охридска дружина, Зборна партизанска чета на МОО, носител на орден „За храброст“ IV степен, загинат кај селото Ајтос во Втората балканска војна на 5 јули 1913 г.[42]
Михал Христов (Христев, 1889 – ?) — IV чета на X Прилепска дружина, ранет на 17 јуни 1913 г.[43]
Никола Василев (1885 – 1913) — III чета на X Прилепска дружина, починал од колера на 11 февруари 1913 г.[44]
Никола Киров (1868 – ?) — Нестројна чета на X Прилепска дружина[45]
Никола Попкостадинов (1892 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[46]
Тома Д. Ничев (1874 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[47]
Тома Жеков (1874 – ?) — II чета на X Прилепска дружина[48]
↑„Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
↑Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916(PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 183. ISBN978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).