Оловраде
Оловраде (Ловраде/Лувраде или Головраде; грчки: Σκιερό, Скиеро; до 1928 г. Λουβράδες, Луврадес[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. ГеографијаОстатоците од селото се наоѓаат на 15 км југозападно од Рупишта. Лежат на планината Одре, на десниот брег на реката Галешово. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред преданијата, Оловраде е основано во XVI–XVII век од седум семејства, меѓу кои биле Гетовци, Ивановци и други.[2] Селото, заедно со останатите костенарски села силно настрадало за време на Али-паша Јанински.[3] На крајот на XIX век Оловраде било мало македонско село во Костурската каза. Во 1881 г. броело 135 жители.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Оловраде имало 181 жител, сите Македонци.[4][5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година Ловради (Головради) е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[6] На почетокот на XX век целото население на Оловраде било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според грчка статистика, во 1905 г. Луврадес е село со 300 жители.[7] Според Георги Константинов Бистрицки Лувраде пред Балканските војни имало 30 македонски куќи.[4][8] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Луврада со 7 христијански македонски куќи.[9] Целото село зело учество во Илинденското востание во 1903 г.[2] За време на востанието селот е запалено и жителите го напуштиле.[3] На 6 август 1905 г. голема андартска чета навалила на селото и извршила палежи и грабежи.[10] Според Христо Силјанов во септември 1905 г. селото е нападнато от андартски чети кои биле одбиени од селската милиција на Оловраде и околните села, но со дадени жртви.[11] Во истата 1905 г. 3 куќи од Оловраде се преселиле во Рупишта поради зулумите на андартите. Тоа биле родовите Танасовци (1 куќа, таткото бил кројач) и Нашовци (2 куќи).[12] Следеле уште напади во 1906 г.[13] Како последица од андартските упади во 1907 и 1908 г. голем дел од жителите на Оловраде се преселиле во гратчето Рупишта.[14] Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Лувраде (Λουβράδες) селото било без жители, бидејќи неговите 30 семејства се иселиле заради нападите на грчките чети и турската војска.[15] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и согласно Букурешкиот договор во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 176 жители, иако Тодор Симовски ова го смета за грешка. На пописот од 1920 г. заведени се 33 лица.[3] Во 1928 г. селото е преименувано во Скиеро. Таа година имало само 22 жители.[3] Оловраде е иселено во 1930-тите. На пописот од 1940 г. не се води како посебна населба, и неколкуте преостанати семејства все вбројани во жителите на Езерец. Во 1945 г. е ограбено од грчки разбојнички банди.[3] Според Васил Ивановски, во Граѓанската војна во селото е воспоставен штаб на ДАГ и во војната селото е наполно уништено од грчката армија, и од него останала само селската црква „Успение на пресв. Богородица“.[16] Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia