Долени (Костурско)Оваа статија се однесува на село во Костурско. За селото во Светиврачко, погл. Долени.
Долени (грчки: Ζευγοστάσιο, Зевгостасио или Ζευγοστάσι, Зевгостаси; до 1927 г. Δόλιανη, Долјани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 4 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа на 12 км југозападно од општинскиот центар Рупишта, во североисточните падини на планината Одре, крај патот за Видолушта, на надморска височина од 850 м. Сместено е меѓу ридовите Гаџавица, Влашки Пат, Братилица, Жилиште и други пошумени со костенови дрвја.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Долани како место со 36 христијански семејства.[4] Според преданието во минатото селото се наоѓало над денешното место - во месноста каде што се наоѓа црквата „Св. Петка“. Селото било растурено за време на Али-паша Јанински, а малку подоцна селаните го подиганале подолу од старото место, бидејќи новата локација била подобра за населба.[3] Во XIX век Долени било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Долени имало 224 жители, сите Македонци.[5][6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долени е чисто македонско село во Костурската каза со 32 куќи.[7] На почетокот на XX век целото население на Долени било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Сидер Адамов од Галишта да отвори народно училиште во селото. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долени има 280 Македонци под влијание на егзархијата.[5][9] Според грчки извори, во 1905 г. во Долени имало 300 жители „Грци“.[10] Селото настрадало од грчки андартски напади.[11] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 македонски семејства.[5][12] Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[13] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Долени е означено како македонско село.[14] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 344 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 226.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Зевгостасио (Ζευγοστάσιο).[2] Во меѓувоениот период некои жители се преселиле во Бугарија и прекуокеанските земји. Во 1914 г. 6 жители на Долени, а потоа во 1919 г. уште 8 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[3] Во селото имало 2 политички убиства.[10] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Дољани имало 30 куќи на Македонци христијани.[15] Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале 20 селани, повеќе семејства се преселиле, а 7 лица побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји.[3] Десет деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[10] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување. СтопанствоСелото се смета за мошне сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба и работеле како мелничари. Машкото население одело на печалба во големите градови во Македонија и Грција.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жужелци, во кој влегува и истоименото село. Општествени установи
Културни и природни знаменитости![]() Цркви
ЛичностиРодени во Долени
Други
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia