Бухин
Бухин или Бојне (грчки: Ανθηρό, Антиро; до 1928 г. Μπουχίνι, Бухини[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Костенарија, на 20 км југозападно од градот Рупишта, во јужното подножје на планината Одре, на надморска височина од 890 м.[3] Сместено е во непосредна близина на селата Нестиме на север, Жиковишта на југ, Чрчишта на исток и Долени, Мангила и Либешево од запад и југозапад.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Бухин било македонско село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Бојне имало 240 жители, сите Македонци.[4][5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бохин е чисто македонско село во Костурската каза со 30 куќи.[4][6] Истовремено се појавува и Бухин како чисто македонско село со 30 куќи во Населичката каза.[4][7] Најверојатно се работи за истото село. На почетокот на XX век целото население на Бухин било под врховенството на Цариградската патријаршија, но според Христо Сиљанов по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бухин има 240 Македонци под влијание на патријаршијата.[4][10] Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бухин во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][11] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 македонски семејства[4][12], а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[13] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бојне е означено како македонско село.[4][14] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 251 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 230.[3] Во 1928 г. името на селото било променето во Антиро (Ανθηρό).[2] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Бојини имало 37 куќи на Македонци христијани.[15] Селото прилично настрадало во Граѓанската војна (1946-1949), поради што во пописот од 1951 г. е евидентирано со 177 жители.[3] СтопанствоСелото се смета за мошне сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Лучишта и Жиковишта. ЛичностиРодени во Бухин
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia