Видолушта
Видолушта, Видолуш или Видулуш (наречено и Виделушта или Виделуш; грчки: Δαμασκηνιά, Дамаскинија; до 1927 г. Βιντελούστι, Виделусти или Βεδυλούστι, Ведилусти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 77 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Населица, југозападно од градот Рупишта и северозападно од Лапчишта, во источните падини на планината Одре, на надморска височина од 990 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Видолушта било македонско село во Населичката каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видолуш имало 405 жители, сите Македонци. Според К'нчов, машкото население добро зборело грчки јазик, поради што неколку автори погрешно го воделе селото како „грчко“.[4][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Видолиште имало 368 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][6] На почетокот на XX век во Видолушта имало комитет на ВМОРО. Во 1904 г. андартскиот капетан Георгиос Цондос убил три негови членови.[7] Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Видолуште во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][8] На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село.[9] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 642 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 573.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Дамаскинија (Δαμασκηνιά).[2] СтопанствоНаселението одгледува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политика![]() Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 14 квадратни километри.[3] Општината Видолушта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша. Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Видолушта, во кој е единствено село. Општествени установи
Културни и природни знаменитостиЦркви
ЛичностиПочинати во Видолушта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia