На Етнографската карта на Битолскиот вилает од 1901 г. Песјак е претставен како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[6]
На почетокот на XX век целото население на Песјак било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Истат година при реорганизацијата на Костенарскиот револуционерен реон по востанието во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[8]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Писаки (Πισσάκι) во 1910 г. имало 25 македонојазични „грчки“ семејства.[10]
Според Георги Константинов Бистрицки, Чифлик Песјак пред Балканските војни имал 20 македонски куќи.[4][11]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Песjак во приближно истиот период имал 8 куќи на Македонци и 4 куќи на погрчени Македонци или Власи.[12]
Во „Етнографија на Македонија“ издадена во 1924 г. Густав Вајганд го опишува Песјак (Пишак) како македонско село на македонско-грчката јазична граница.[4] Тој спомнува дека Костурската Котлина е македонска, но дека самиот Костур и блиското село Маврово се погрчени. Во Рупишта грчката струја била силна, но сепак немало погрчување. Костараџа било речиси погрчено, а Богатско било наполно погрчено. Јазичната граница минувала од Костараџа кон мостот на Смикси, на север Песјак сè уште бил македонски, а обратно Витан и Бобушта биле погрчени. Долината на потокот Белица кој доаѓа од Грамошта била македонска до Омотско, следното Линотопи било албанско, а следното Грамошта било влашко.[4][13]
На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Песякъ било македонско село.[4][14]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година имало 148 жители. На пописот од 1920 г. во селото се заведени 143 лица.[3] Во 1926 г. селото е преименувано, преведувајќи му го името како Амудара, песочно. Во 1928 г. населението се покачило на 174 жители.[3]
Костадин (Дине) Василев Кираџијата и неговите синови браќа Кираџиевци: Аргир, Иван и Атанас, општественици, дејци на црковно-просветното дело во Рупишта, легални дејци на ВМОРО, борци во Првата светска војна, а потоа иселеници во САД и изумители на јадењето „синсинатско чили“.[18]
Јанко Крстев (? – 1903) — општественик, деец на црковно-просветното дело во Рупишта
Андартски дејци
Константинос Георгиу или Динас (Κωνσταντίνος Γεωργίου, Ντίνας) — андартски деец од ІІІ ред[19]
Михаил Типадис (1862 – 1951) — лекар и андартски деец[20]
Наум Василиу (Ναούμ Βασιλείου) — андартски деец од ІІІ ред[19]
Стерјос Василиу (Στέργιος Βασιλείου) — андартски деец од ІІІ ред[19]
Т. Кирјазопулос (Θ. Κυριαζόπουλος) — андартски деец од ІІІ ред[19]
↑Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.