Кладороби
Кладороби (грчки: Κλαδορράχη, Кладорахи; до 1926 г. Κλαδοράπη, Кладорапи[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 93 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото Кладороби се наоѓа на четири километри северно од градот Лерин на самиот пат кој води од Лерин преку Драгош за Битола[4]. Сместено е под самото подножје на планината Баба на допирот со котлинското дно на Пелагонија во северозападниот крај на Леринското Поле. Расположено е на надморска височина од 600 метри при што тоа се смета за полупланинско село[4], иако неговата местоположба е повеќе низинска. Историја![]() ![]() Едни од најстарите пишани податоци за селото Кладороби се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Кладороб е запишано дека имало 105 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 96 товари, јачмен до 56 товари, 'рж до 20 товари, просо, граор, бостан, лен, мед, овошје, свила од кожурци, се обработувале лозја, се чувале свињи и имало една срушена воденица за што селото остварувало свкупен приход од 8385 акчиња[5]. Овие податоци сведочат дека селото Кладороби уште во средниот век било големо, населено и богато село. Кон крајот на XIX век, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров го споменува селото Кладороби како чифлик со 40 Македонци под духовенство на патријаршијата[6]. Подоцна, во 1904 селото преминува под духовенство на егзархијата. Една година потоа, во јули 1905 година селото Кладороби е нападнато од гркоманска андартска чета која влегува во селото и го собира машкото население на селскиот плоштад каде отвора оган убивајќи 17 луѓе, за што леринскиот кајмакам другиот ден на кметот на Кладороби му изјавил „си добивте, тоа што си баравте“. По поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година, селото потпаѓа под Грција, каде во 1926 година го добива името Кладорахи. За време на Граѓанската војна селото Кладороби и неговото население не настрадуваат од виорот на воените дејствија. Според истражување за употребата на малцинските јазици во Леринско и Мегленско од 1993 година селото Кладороби е чисто македонско и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво[7]. СтопанствоСелото Кладороби е полупланинско и многу сиромашно, така што одвај ги обезбедува нужните производи за опстанок[8]. Во котлинското дно најмногу успеваат житата и градинарските култури. НаселениеСелото Кладороби отсекогаш било чисто македонска населба и во тој поглед нема претрпени никакви етнички промени[4]. Во статистиките на Васил К’нчов е населба со 340 жители, а во 1913 година се попишани 346 жители. Кладороби забележува пораст на бројот на населението па такаво 1920 година се попишани 361 жител, во 1928 407, а во 1940 година 530 жители. Бидејќи селото Кладороби не настрадало во Граѓанската војна во 1951 година биле попишани 508 жители, меѓутоа поради претерано иселување во прекуокеанските земји бројот на населението започнал значително да опаѓа па така во 1961 тоа речиси се преполовило и опаднало на 290 ѓители, во 1971 на 119, во 1981 на 107, а во 1991 година на само 85 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Општествени установиКултурни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНајголем дел од населението се иселило во прекуокеанските земји и тоа најмногу во Австралија и Канада. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia