Небеска Тимјановна
![]() Небеска Тимјановна — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1988 година.[1] Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признат во и преку јазикот. Со приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет.[2] Посвета и насловРоманот ја носи следнава посвета:[3]
„Небеска“ е превод на грчкото име „Уранија“, а Тимјановна го носи името на дедото на Уранија, Тимјан (Евтимиос), кој починал во 1943 година. Внуката на Уранија Јурукова (мажена Пировска), Уранија Пировска, е директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права.[4] На почетокот на романот, авторот го дава следново објаснение за содржината:[5]
СодржинаДејствието во романот го покрива периодот на Втората светска војна, Грчката граѓанска војна и повоениот период, ги следи главните политички случувања во Егејска Македонија и човечката димензија преку приказната на Небеска Тимјановна. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?… И пак да се најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.[6] Главниот женски лик и водечка сила во приказната, Небеска Тимјановна, е карактер што жилаво се бори против окупаторот и се издигнува до архетип на храброста. Фигура што пренесува трајна вредност за тоа што значи да се биде жена и мајка во македонската книжевност.[2] Изданија на романот
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia