Општина Гумалево
Месен народен одбор Гумалево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. ИсторијаМесниот народен одбор Гумалево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Гумалево, Дејковец, Добрино.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите три населени места.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гумалево бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Палиград со неговото село Тисовица.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гумалево бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Зелениково.[4] НаселениеСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гумалево имал 1,175 жители, односно вкупното население на Гумалево, Дејковец, Добрино. Од 1,175 жители, 1,163 биле Македонци, додека 12 биле Роми.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia