Општина Палиград
Месен народен одбор Палиград ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година. ИсторијаМесниот народен одбор Палиград бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Палиград и Тисовица.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, и бил проширен со селото Алдинци, на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Драчевица.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Палиград бил укинат на сметка на соседниот Месен народен одбор Горно Количани кој го добил селото Алдинци, Месен народен одбор Гумалево кој го добил селото Тисовица, и Месен народен одбор Студеничани кој го добил селото Палиград.[3] НаселениеСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Палиград имал 1,418 жители, односно вкупното население на Алдинци, Палиград, и Тисовица. Од 1,418 жители, 1,200 биле Македонци, 217 биле Албанци, додека 1 бил Србин.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia