Општина Јаболци

Општина Јаболци (1952-1955)
Месен народен одбор Јаболци (1945-1952)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1955
Главен град/седиште Јаболци
Составни делови Држилово (1952-1955), Јаболци (1945-1955), Нова Брезница (1945-1955), Осинчани (1945-1947, 1950-1955), Патишка Река (1950-1955)
Историја
 -  Основање на МНО Јаболци 1945
 -  Укинување на Општина Јаболци 1955
Население
 -  1948 1,409 жит.
 -  1953 3,169 
Управни единици Држава: ДФЈ/ФНРЈ

Република: ДФ/НР Македонија
Округ: Скопски (1945-1947)
Околија: Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1955)

Денес во Општина Сопиште, Општина Студеничани

Општина Јаболци, именувана и како Месен народен одбор Јаболци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.

Историја

Месниот народен одбор Јаболци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил намален на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица кој го добил селото Осинчани.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Осинчани, и соседниот и променет Месен народен одбор Држилово со неговото село Патишка Река.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Јаболци била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Држилово.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Јаболци била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.[5]

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јаболци имал 1,409 жители, односно вкупното население на Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани. Од таа бројка, 1,235 биле Македонци, додека 174 биле Албанци.[6]

Според пописот од 1953 година, Општина Јаболци имала 3,169 жители, односно вкупното население на Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[7][8]

Народност Вкупно
Македонци 1,538
Албанци 806
Турци 812
Срби 1
Неопределени Југословени 12

Поврзано

Наводи

  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 17 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 17 јуни 2025.
  7. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 17 јуни 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 17 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya