Општина Гара Зелениково
Месен народен одбор Гара Зелениково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. ИсторијаМесниот народен одбор Гара Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите шест населени места.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гара Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Зелениково со неговите села Вражале, Градовци, Зелениково, и Орешани.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гара Зелениково бил укинат и неговата општинска територија припаднала на обновената Општина Зелениково.[4] НаселениеСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гара Зелениково имал 1,334 жители, односно вкупното население на Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор. Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[5]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia