Општина Горно Количани (1913-1915, 1918-1941, 1952-1955) Месен народен одбор Горно Количани (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија , ДФЈ/ФНРЈ
1913–1955
→
Главен град/седиште
Горно Количани
Составни делови
Алдинци (1913-1915, 1918-1941, 1950-1955), Горно Количани (1913-1915, 1918-1941, 1945-1955), Долно Количани (1913-1915, 1918-1941, 1950-1955), Драчевица (1913-1915, 1918-1941, 1947-1955), Калдирец (1945-1955), Пагаруша (1913-1915, 1918-1941, 1950-1955), Умово (1918-1941) и Црвена Вода (1913-1915, 1918-1941, 1945-1955)
Историја
-
Основање на Општина Горно Количани
1913
-
Основање на МНО Горно Количани
1945
-
Укинување на Општина Горно Количани
1955
Население
-
1921
2,559 жит.
-
1931
3,538
-
1948
1,861
-
1953
3,753
Управни единици
Држава: Кралство Србија (1913-1915), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955)
Република: ДФ/НР Македонија (1945-1955)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Округ: Скопски (1913-1915, 1918-1922, 1945-1947)
Област: Скопска (1922-1929)
Срез: Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1955)
Денес во
Општина Студеничани
Општина Горно Количани , именувана и како Месен народен одбор Горно Количани ― поранешна општина во Македонија , која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.
Историја
1913-1915
Општина Горно Количани за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија . Населени места во општината биле Алдинци , Горно Количани , Долно Количани , Драчевица , Пагаруша и Црвена Вода . Општината била дел од Скопскиот Срез , Скопски Округ .[ 1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Горно Количани продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез , и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина . Таа се состоела од населените места: Алдинци , Горно Количани , Долно Количани , Драчевица , Пагаруша , Умово и Црвена Вода .[ 2] [ 3] [ 4]
1945-1955
Месниот народен одбор Горно Количани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија , Скопски Округ , и негови составни населени места биле Горно Количани , Калдирец , и Црвена Вода .[ 5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Драчевица со неговото село Драчевица .[ 6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Долно Количани со неговите села Алдинци , Долно Количани , и Пагаруша .[ 7] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Горно Количани продолжила да постои и да ги опфаќа истите седум населени места.[ 8] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Горно Количани била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево .[ 9]
Население
Според пописот од 1921 година , Општина Горно Количани имала 2,559 жители. Според верската припадност, 17 биле православни , додека 2,542 биле муслимани . Според јазичната припадност, 17 биле Срби /Хрвати , 1,414 биле Албанци , 1,111 биле Турци , додека 17 биле останато и непознато.[ 10] [ б 1]
Според пописот од 1931 година , Општина Горно Количани имала 3,538 жители, од кои 1,762 биле мажи, а 1,776 биле жени. Општината се состоела од 579 куќи и 579 домаќинства.[ 11]
Според пописот од 1948 година , Месен народен одбор Горно Количани имал 1,861 жител, односно вкупното население на Горно Количани , Драчевица , Калдирец , и Црвена Вода . Сите жители биле Албанци .[ 12]
Според пописот од 1953 година , Општина Горно Количани имала 3,753 жители, односно вкупното население на Алдинци , Горно Количани , Долно Количани , Драчевица , Калдирец , Пагаруша и Црвена Вода .
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[ 13] [ 14]
Поврзано
Забелешки
Наводи
↑ Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF) . Државна печатница на Кралство Србија. стр. 131. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije . Белград . стр. 46, 102, 131, 135, 171, 332, 479.
↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије . Белград . стр. X, 2, 159, 224, 245, 499, 713.
↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије . 1 . Белград : Министерство за војска и морнарица. стр. 4 (162), 254 (412), 346 (504), 368 (526).
↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија . 27 ноември 1945: 156. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија . 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија . 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија . 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија . 29 јуни 1955: 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF) . Сараево : Државна печатница. 1932. стр. 114-115. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 29 јуни 2025 .
↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF) . Белград : Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 29 јуни 2025 .
↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“ . pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF) . Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 10 јуни 2025 .
↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“ . pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 10 јуни 2025 .