Општина Говрлево (1913-1915, 1918-1941) Месен народен одбор Говрлево (1945-1947)
Општина на Кралство Србија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија , ДФЈ/ФНРЈ
1913–1947
→
Главен град/седиште
Говрлево
Составни делови
Барово (1913-1915, 1918-1941, 1945-1947), Говрлево (1913-1915, 1918-1941, 1945-1947), Јаболци (1913-1915, 1918-1941), Осинчани (1913-1915, 1918-1941), Пуста Брезница (1913-1915, 1918-1941), Света Петка (1913-1915, 1918-1941, 1945-1947), Чифлик (1913-1915, 1918-1941, 1945-1947)
Историја
-
Основање на Општина Говрлево
1913
-
Основање на МНО Говрлево
1945
-
Укинување на МНО Говрлево
1947
Население
-
1913
2,209 жит.
-
1921
2,137
-
1931
2,501
Управни единици
Држава: Кралство Србија (1913-1915), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1947)
Република: ДФ/НР Македонија (1945-1947)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Покраина: Јужна Србија (1918-1922)
Округ: Скопски (1913-1915, 1918-1922, 1945-1947)
Област: Скопска (1922-1929)
Срез: Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Драчевска (1945-1947)
Денес во
Општина Сопиште
Општина Говрлево , именувана и како Месен народен одбор Говрлево ― поранешна општина во Македонија , која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1947 година.
Историја
1913-1915
Општина Говрлево за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија . Населени места во општината биле Барово , Говрлево , Јаболци , Осинчани , Пуста Брезница , Света Петка и Чифлик . Општината била дел од Скопскиот Срез , Скопски Округ .[ 1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Говрлево продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез , и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина . Таа се состоела од населените места: Барово , Говрлево , Јаболци , Осинчани , Пуста Брезница , Света Петка .[ 2] [ 3] [ 4]
1945-1947
Месниот народен одбор Говрлево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија , Скопски Округ , и негови составни населени места биле Барово , Говрлево , Света Петка , Чифлик .[ 5] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Долно Соње .[ 6]
Население
Според пописот од 1913 година , Општина Говрлево имала 2,209 жители, односно вкупното население на Барово , Говрлево , Јаболци , Осинчани , Пуста Брезница , Света Петка и Чифлик .[ 1]
Според пописот од 1921 година , Општина Говрлево имала 2,137 жители. Според верската припадност, 1,414 биле православни , додека 723 биле муслимани . Според јазичната припадност, 1,414 биле Срби /Хрвати , додека 723 биле Албанци .[ 7] [ б 1]
Според пописот од 1931 година , Општина Говрлево имала 2,501 жители, од кои 1,253 биле мажи, а 1,248 биле жени. Општината се состоела од 331 куќи и 335 домаќинства.[ 8]
Поврзано
Забелешки
Наводи
↑ 1,0 1,1 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF) . Државна печатница на Кралство Србија. стр. 131. Посетено на 9 јуни 2025 .
↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije . Белград . стр. 57, 176, 199, 327, 379, 444.
↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије . Белград . стр. X, 16, 138, 296, 492, 565, 612.
↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије . 1 . Белград : Министерство за војска и морнарица. стр. 32 (190), 228 (386), 458 (616).
↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија . 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 јуни 2025 .
↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија . 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 9 јуни 2025 .
↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF) . Сараево : Државна печатница. 1932. стр. 114-115. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 28 јуни 2025 .
↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF) . Белград : Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 28 јуни 2025 .