Општина Зелениково
![]() ![]() Општина Зелениково — општина во северниот дел на Македонија, во јужниот дел на Скопската Котлина. Таа е единствената општина во околината на градот Скопје којашто не се граничи со неговата територија. Општинско седиште е селото Зелениково. ГеографијаОпштина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската Котлина во близина на градот Скопје. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2. Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: Велес од југ и југоисток, Чашка од југ, Студеничани од запад и Петровец од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители, што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиштето на општината е во село Зелениково, а градоначалник е Коста Маневски. Историја1945-1950 и 1952-1955Месниот народен одбор Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Градовци, Зелениково, Орешани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Вражале со неговото село Вражале.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Зелениково бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Гара Зелениково.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, Општина Зелениково била обновена на сметка на МНО Гара Зелениково. Населени места кои припаднале на општинате биле Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица. Овој пат, седиште на општината била Станица Зелениково.[5] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Зелениково била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево.[6] 1996-до денесОпштина Зелениково била повторно основана со Законот за територијална организација на општините од 1996 година, на сметка на Општина Кисела Вода. Во општината припаднале 19. села: Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица.[7] Седиштето на општината било во Станица Зелениково. Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Зелениково продолжила да постои со истите населени места. Разликата во општината било што населеното место Станица Зелениково го изгубила статусот на населено место и била префрлена во атарот на Зелениково. Со тоа, Зелениково станало седиште на општината.[8] Со предлог Законот за територијална организација на општините во 2004 година, било предвидено Општина Зелениково да биде укината на сметка на Општина Петровец.[се бара извор] СтопанствоНаселението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката Вардар е најзастапено полјоделството, пред сè одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред сè по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од Таор, Пакошево и Зелениково. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехранбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село Орешани. ДемографијаСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Зелениково имал 1,647 жители, односно вкупното население на Вражале, Градовци, Зелениково и Орешани. Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[9]
Според пописот од 1953 година, Општина Зелениково имала 5,284 жители, односно вкупното население на Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор и Тисовица. Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[10][11]
Според пописот од 2002 година, Општина Зелениково имала 4,077 жители, чиј етнички состав е:[12]
Општествени установиВо општина Зелениково работи деветгодишно Основно училиште „Марко Цепенков“ кое се наоѓа Зелениково (сместено во поранешното населено место Станица Зелениково. Во рамките на училиштето работат и градинка и библиотека. Во општината работат и јавна и приватни здравствени амбуланти кои се наоѓаат во делот сеуште именуван како Станица Зелениково. Самоуправа и политикаГрадоначалник на Општина Зелениково е Коста Маневски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на Општина Зелениково е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 4 места ВМРО-ДПМНЕ: 4 места ДУИ: 1 место Културни и природни знаменитостиНа територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото Таор се наоѓа археолошкото наоѓалиште со остатоците од античкиот град Тауресиум во кој е роден римскиот цар Јустинијан I. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во Станица Зелениково, црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото Таор, а во Ново Село постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година. Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia