Општина Држилово

Општина Држилово (1913-1915, 1918-1941)
Месен народен одбор Држилово (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1952
 

Главен град/седиште Држилово
Составни делови Држилово (1913-1915, 1918-1941, 1945-1952), Елово (1913-1915, 1918-1941, 1950-1952), Малчиште (1913-1915, 1918-1941), Патишка Река (1913-1915, 1918-1941, 1947-1950), Умово (1913-1915), Цветово (1913-1915, 1918-1941) и Црн Врв (1913-1915, 1918-1941)
Историја
 -  Основање на Општина Држилово 1913
 -  Основање на МНО Држилово 1945
 -  Укинување на МНО Држилово 1952
Население
 -  1913 4,338 жит.
 -  1921 3,709 
 -  1931 3,399 
 -  1948 1,347 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ (1945-1965)

Република: ДФ/НР Македонија (1945-1952)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Округ: Скопски (1913-1915, 1918-1922, 1945-1947)
Област: Скопска (1922-1929)
Срез: Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1952)

Денес во Општина Студеничани

Општина Држилово, именувана и како Месен народен одбор Држилово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1952 година.

Историја

1913-1915

Општина Држилово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Умово, Цветово и Црн Врв. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Држилово продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв.[2][3][4]

1945-1952

Месниот народен одбор Држилово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Држилово.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Држилово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Патишка Река со неговото село Патишка Река.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Држилово бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Сушица со неговото село Елово, но истовремено МНО Држилово ја загубил Патишка Река која припаднала на Месен народен одбор Јаболци.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Држилово бил укинат на сметка на Општина Јаболци која го добила селото Држилово, и Општина Цветово која го добила селото Елово.[8]

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Држилово имала 4,338 жители, односно вкупното население на Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Умово, Цветово и Црн Врв.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Држилово имала 3,709 жители. Таа се состоела од населените места: Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв. Според верската припадност, 23 биле православни, додека 3,686 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,769 биле Срби/Хрвати, 939 биле Албанци, додека 1 бил Турчин.[9][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Држилово имала 3,399 жители, од кои 1,669 биле мажи, а 1,730 биле жени. Општината се состоела од 553 куќи и 549 домаќинства во селата Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв.[10]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Држилово имал 1,347 жители, односно вкупното население на Држилово и Патишка Река.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[11]

Народност Вкупно
Македонци 776
Албанци 570
Турци 1

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 132. Посетено на 10 јуни 2025.
  2. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 101, 103, 142, 151, 281, 336. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  3. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 248, 259, 423, 505, 730, 738.
  4. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 373 (531), 396 (554).
  5. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101, 102. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 116-117. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 1 јули 2025.
  10. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 1 јули 2025.
  11. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 10 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya