Тисовица
Тисовица — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено во јужното подножје на планината Китка. Географија и местоположба![]() Селото Тисовица се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Зелениково, непосредно до Кадина Река, а под северната падина на Голешница[2]. Сместено во областа Торбешија, во јужното подножје на планината Китка. Тисовица е ридско село, расположенио на надморска височина од 600 метри[2]. Селото се наоѓа лево и десно од Кадина Река, распослано на височина од 700 до 900 метри. Во самото село нема вода за пиење, туку населението се снабдува со вода од самата Кадина Река и од потоци. Воедно, над селото се наоѓа извор викан „Старо Село“.[3]. Во Тисовица се сретнуваат следниве маала: Џине (15 куќи), Цене (10 к.), Браиме (6 к.), Осојница (8 к.), од безимена група куќи (4 к.) и од поединечни куќи на местата наречени Старо Село (1 к.) и Кадина Река (1 к.). Во 1951 година во селото имало вкупно 45 куќи[3], но со последниот попис на населението и домаќинствата во 2002 година се останати 11 куќи.[4] Атарот на Тисовица е значително голем и зафаќа простор од 28,5 км2, при што на него доминираат шумите на површина од 2630 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 147 ха, а на пасиштата само 50 ха[2]. Историја![]() Тисовица во минатото било збиено село и се наоѓало во месноста „Старо Село“, каде што се наоѓа изворот на вода. Кога населението се зголемило (имало над шест куќи), селаните започнале да обработуваат ниви североисточно и подолу од куќите. Пред стотина години, селаните од Старо Село преминале на местата кај што им биле нивите и таму основале три родовски маала (Џине, Цене и Браиме). На тој начин, селото станало од разбиен тип. Подоцна, населбата продолжила да се зголемува, па затоа во поново време дел од населението основало други маала (Осојница), како и групи на куќи, со што населбата станала уште поразбиена.[3] Во минатото, селото прво било православно-македонска населба, што може да се заклучи и од името на селото, но и по некои топоними (Попов Дол, Липовица, Кадина Река, Уши, итн.) и по иселените родови. На почетокот на XIX век, во Тисовица се доселиле три муслиманско-албански куќи (од кои потекнуваат сегашните родови) по потекло од северниот дел на Албанија.[3] Овие Албанци најпрвин дошле во рамничарското село Зелениково, крај Вардар, а во Тисовица имале само летни сточарски колиби. Но, набрзо овие колиби станале куќи.[3] Заради доселувањето на Албанците во Тисовица и во околните села (Диковец, Палиград и Гумалево), Македонците се иселиле од селото, а еден дел од нив биле и убиени. Последни македонски иселеници биле Симоновци, кои се преселиле во соседното македонско село Градовци (7 к.).[3] По иселувањето на македонските жители, муслиманското население ги уништиле и видните знаци и од самите христијански гробишта, како и од самата црква, која се верува дека била посветена на Свети Никола, за која сепак не се знае точната местоположба.[3]. Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот во својата патописна статија за селата јужно од Скопје насловена „Јужна страна скопска“, објавена во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година, го споменува селото Тисојци со многу урнисани цркви кое денеска е турско[5] Во 1932 година, селото добило џамија, која најпрвин била сместена во обновена куќа без минаре. Дотогаш, жителите на Тисовица оделе во џамијата во селото Гумалево или во Палиград. Денес, постојат три муслимански гробишта, две лево од Кадина Река, а едно е десно.[3] Потекло и значење на иметоИмето на селото Тисовица е од македонско потекло и доаѓа од тисовото дрво, тисата (лат. Taxus baccata).[6] Денес, ова нискостеблесто дрво кое расте помеѓу дрвјата во буковите шуми, го нема во самото село, но сè уште е застапено во неговата околина.[3] Стопанство![]() Во минатото, жителите на Тисовица се занимавала со одгледување жито, но сепак дел од нивите се користат како ливади за пасење на добитокот, иако пасишта за нив се сретнуваат во месностите Дрмос, Попово Гумно и Осојница, каде што стоката престојува до зимата. Од добиток, најмногу биле застапени овци, а после тоа говеда и животни за товар. До 1948 година биле одгледувани и кози во голем број.[3] Според составот на атарот селото има шумарско-поледелска функција. Извонредно големото пространство застапено под шуми (2630 хектари) од бука, даб, бор, тиса, брест и секаков вид листопадни и зимзелени дрвја, уште од дамнина го правела овој крај изразито шумарски и прочуен по шумарството, сечата на дрво за огрев и градежништво како и производството на ќумур. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров опишувајќи ги „скопските“ планини од масивот Мокра, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 планинскиот предел на Китка го именува според името на селото наведувајќи дека таа е омилената на јагленарите - Тисовица Планина[7]. Шумските делови западно и јужно од селото имаат особено стопанско значење и тие биле особено искористувани во минатото, кога населението продавале буки за огрев, граѓа и за ќумур, кои ги продавале во градот Скопје и во областа Блатија.[3]. Поради големото производство на ќумур, селата во овој предел на планината Голешница, а особено на нејзината јужна падина во Велешко, порано биле познати како посебна област под името Ќумурџи-кол. Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 13 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 41 мажи муслимани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 102 жители.[8] Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 120 жители.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Тисовица била населена со 120 жители Албанци[10]муслимани.[11] После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 215 жители.[12] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[13] Тисовица е село со 173 жители во 1961 година, а во 1994 година во селото живееле само сто и двајца жители. Според пописот од 2002 година, селото Тисовица имало 53 жители, сите Албанци.[4] Селото низ годините имало мнозинско албанско население и освен малиот број на Турци (како и двајца Македонци во 1991 г.), во селото не се сретнуваат позначајни промени низ времето во поглед на етничката состојба. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 1 Македонец и 9 Албанци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМоментално, во селото се преостанати само албански семејства, иако во селото во минатото било населено и од македонски родови.
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Зелениково, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Зелениково. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кисела Вода. Селото припаѓало на некогашната општина Драчево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Зелениково, во која покрај селото Тисовица, се наоѓале и селата Вражали, Станица Зелениково, Градовци, Гумалево, Дејковац, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Страхојадица и Таор. Во периодот 1950-1952 година селото влегувало во рамките на тогашната Општина Гумалево, во која влегувале селата Гумалево, Дејковац, Добрино и Тисовица. Културни и природни знаменитости![]()
ИселеништвоСе знае дека од Албанците се преселиле 21 албанска куќа, главно во Скопје (15 к.), во Еленоводица или Бузалково кај Велес, потоа во Морани и Студеничани во течението на Маркова Река. Двете иселени куќи во Еленоводица и една куќа во Морани се огранок на родот Џине.[3] Наводи
Надворешни врскиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia