Општина Драчево

Општина Драчево (1913-1915, 1918-1941, 1952-1965)
Месен народен одбор Драчево (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР/СР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ
1913–1965
Главен град/седиште Драчево
Составни делови Алдинци (1955-1965), Аџево (1913-1915, 1918-1941), Батинци (1913-1915, 1918-1941, 1947-1965), Вртекица (1913-1915, 1918-1941, 1952-1965), Вражале (1955-1965), Горно Количани (1955-1965), Горно Лисиче (1913-1915, 1918-1941, 1952-1955), Градовци (1955-1965), Гумалево (1955-1965), Дејковец (1955-1965), Добрино (1955-1965), Долно Количани (1955-1965), Долно Лисиче (1913-1915, 1918-1941, 1950-1965), Драчевица (1955-1965), Драчево (1913-1915, 1918-1941, 1945-1965), Дресница (1913-1915, 1918-1941), Зелениково (1955-1965), Калдирец (1955-1965), Љубош (1913-1915, 1918-1941), Морани (1913-1915, 1918-1941, 1952-1965), Ново Село (1955-1965), Орешани (1955-1965), Пагаруша (1955-1965), Рамни Габер (1913-1915, 1918-1941, 1952-1965), Смесница (1955-1965), Станица Зелениково (1955-1965), Страхојадица (1955-1965), Студеничани (1913-1915, 1918-1941, 1952-1965), Таор (1955-1965), Тисовица (1955-1965), Усје (1950-1952), Црвена Вода (1955-1965)
Историја
 -  Основање на Општина Драчево 1913
 -  Основање на МНО Драчево 1945
 -  Укинување на Општина Драчево 1965
Население
 -  1913 4,944 жит.
 -  1921 4,716 
 -  1931 6,392 
 -  1948 3,298 
 -  1953
1961
9,466
16,061 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ (1945-1965)

Република: ДФ/НР/СР Македонија (1945-1965)
Бановина: Вардарска (1929-1941)
Округ: Скопски (1913-1915, 1918-1922, 1945-1947)
Област: Скопска (1922-1929)
Срез: Скопски (1913-1915, 1918-1941)
Околија: Драчевска (1945-1947), Скопска (1947-1965)

Денес во Општина Аеродром, Општина Зелениково, Општина Кисела Вода, Општина Студеничани

Општина Драчево, именувана и како Месен народен одбор Драчево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1965 година.

Историја

1913-1915

Општина Драчево за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Драчево продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[2][3][4]

1945-1965

Месниот народен одбор Драчево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место биле Драчево.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драчево бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Батинци со неговото село Батинци.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драчево бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Горно Лисиче со неговите села Долно Лисиче и Усје.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Драчево била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Студеничани со неговите села Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани, и укинатиот Месен народен одбор Горно Лисиче со неговото село Горно Лисиче. Истовремено, Општина Драчево го изгубила селото Усје кое припаднало на Општина Ракотинци.[8] Согласно административната поделба од 1955 година, од Општина Драчево било одземено населеното место Горно Лисиче кое припаднало на Општина Кисела Вода. Истовремено, Општина Драчево била проширена кон исток бидејќи Општина Зелениково била укината и нејзините села Вражале, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Зелениково, Ново Село, Орешани, Пакошево, Палиград, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Таор, Тисовица. Тогаш, Општина Драчево била проширена и со територијата на укинатата Општина Горно Количани со нејзините населени места Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Калдирец, Пагаруша и Црвена Вода.[9] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Драчево била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Кисела Вода.[10]

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Држилово имала 4,944 жители, односно вкупното население на Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Драчево имала 4,716 жители. Таа се состоела од населените места: Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани. Според верската припадност, 2,321 биле православни, додека 2,395 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,330 биле Срби/Хрвати, 285 биле Албанци, 1,956 биле Турци, додека 145 биле останато и непознато.[11][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Драчево имала 6,392 жители, од кои 3,256 биле мажи, а 3,136 биле жени. Општината се состоела од 804 куќи и 842 домаќинства во селата Аџево, Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Дресница, Љубош, Морани, Рамни Габер и Студеничани.[12]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Драчево имал 3,298 жители, односно вкупното население на Драчево и Батинци.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[13]

Народност Вкупно
Македонци 2,991
Албанци 58
Турци 139
Роми 87
Срби 14
Хрвати 2
Словенци 2
Црногорци 1
Неопределени Југословени 4
Останати и непознато 4

Според пописот од 1953 година, Општина Драчево имала 9,466 жители, односно вкупното население на Батинци, Вртекица, Горно Лисиче, Долно Лисиче, Драчево, Морани, Рамни Габер и Студеничани.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[14][15]

Народност Вкупно
Македонци 5,025
Албанци 3,028
Турци 1,004
Роми 258
Срби 104
Хрвати 16
Црногорци 3
Неопределени Југословени 22
Останати Словени 2
Останати несловени 4

Според пописот од 1961 година, Општина Драчево имала 16,061 жител, односно вкупното население на Алдинци, Батинци, Вражале, Вртекица, Горно Количани, Градовци, Гумалево, Дејковец, Добрино, Долно Количани, Долно Лисиче, Драчевица, Драчево, Зелениково, Калдирец, Морани, Ново Село, Орешани, Пагаруша, Палиград, Пакошево, Рамни Габер, Смесница, Станица Зелениково, Страхојадица, Студеничани, Таор, Тисовица и Црвена Вода.

Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[16]

Народност Вкупно
Македонци 5,929
Албанци 4,446
Роми 212
Срби 157
Муслимани 66
Хрвати 3
Црногорци 5
Унгарци 2
Југословени 4
Останати 5,237

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 132. Посетено на 10 јуни 2025.
  2. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 46, 58, 131, 135, 140, 171, 276, 303, 391, 439, 506. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  3. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. X, 16, 119, 160, 225, 245, 453, 570, 675.
  4. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 12 (170), 34 (192), 195 (353), 255 (413), 346 (504), 368 (526).
  5. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 156. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 204. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 101. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 236. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 25 јануари 1965: 21. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 10 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 116-117. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 1 јули 2025.
  12. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 105. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 1 јули 2025.
  13. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 10 јуни 2025.
  14. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 65. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 10 јуни 2025.
  15. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 10 јуни 2025.
  16. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1961“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 18 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya