Крапешино
Крапешино или Крапештина (грчки: Ατραπός, Атрапос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 150 жители. Географија и местоположбаКрапешино е сместено на јужните падини на планината Лута, 6 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. Вкупната површина на селскиот атар е 24 км2[2]. ИсторијаСпоред преданието селото било основано на крајот на 18 или почетокот на XIX век од Крапо, Влав по народност, по кого селото го добило името[2]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапештина се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[3] Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу, но заради неподносливата состојба околу 20 семејства пребегнале во Република Македонија и источноевропските земји[2]. ДемографијаНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 320 жители, а Милоевиќ наведува 70 македонски куќи. Меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 53 лица, од кои извесен број ги повлекле и своите семејства. Движењето на населениото по години е следното[2]:
СтопанствоОсновни стопански гранки на населението се земјоделието и сточарството. Главни производи се жито и грав. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia