Сушево (Штипско)За други истоимени места, погледајте Сушево (појаснување).
Сушево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип. Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа на северозападниот дел на територијата на Општината Штип, недалеку од градот, на оддалеченост од околу четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри. Атарот зафаќа простор од 4,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 248 ха, а на обработлив- ото земјиште отпаѓаат 144 ха.[2] ИсторијаВо XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја. СтопанствоСелото има полјоделско-сточарска функција. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 70 жители, сите Македонци.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[4] Сушево е мало село, коешто во 1961 година броело 107, а во 1994 година 20 жители, и е во фаза на раселување.[5] Според пописот од 2002 година, населението на Сушево броело 11 жители, сите Власи.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Доброшани.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[12] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia