Авантурите на малата Ѓурѓица
Авантурите на малата Ѓурѓица — роман за деца и млади на македонската писателка Ката Мисиркова-Руменова, првобитно издаден во 1997 година. Содржина
Романот започнува со обраќање на авторката до читателите, кажувајќи го својот порив зошто пишува токму авантуристички роман. Затоа што тоа е желба на секое дете, да чита роман со авантури. Исто така, авторката во воведната забелешка кажува и дека е посветен токму на Ѓурѓица. А зошто, остава секој читател да ја открие сам тајната. Со јас раскажувачот, Ѓурѓица, во романот се следи животот на малото девојче кое е фасцинирано од раскажувањето на дедото Кољо, морепловец и авантурист, кој сега како стар човек работи како чувар на овоштарникот кај таткото на малата Ѓурѓица. Таа од него ја добива желбата да запише авантури и да патува во својата фантазија во најдалечните предели. Ова е топол роман за сите радости и недоумици и стравови кои ги живеат децата во текот на растењето и созревањето. [1] Изданија
НаводиПоврзаноПредлошка:Ката Мисиркова-Руменова |
Portal di Ensiklopedia Dunia