Боровичене
Боровичене (бугарски: Боравѝчени) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 км југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од 622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри. ИсторијаОсманлиско ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци.[2][4] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5] БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец. Редовни настаниРедовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia