Коларово
Коларово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото Коларово се наоѓа во полупланинска област, во северниот дел на подножјето на планината Беласица, познато како Подгорје. Сместено е во близина на границата со Грција и околу 10 километри западно од општинскиот центар на Петрич. Јужно од селото е преминот Демир капија (Железна порта), која во минатото ги поврзувала селата од двете страни на Беласица. Селата Елешница и Самоилово се соседни. Селото се наоѓа на надморска висина од 428 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 30.299 км2. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 750 мм). На околу 5 километри северно од Коларово тече реката Струмица, лева притока на реката Струма. Почвите се претежно делувијални, алувијални. Населението расте од природен прираст[1]. ИсторијаАнтички и средновековен периодКоларово има богато историско минато. Во месноста Мусовица, која се наоѓа северно од селото, во 80-тите години на минатиот век била откриена и истражена неолитска населба. Голема античка населба се наоѓала во областа Дебелиштето, северно од селото. На југот на селото во месноста Чуката се наоѓаат остатоци од доцноантичката и средновековна тврдина. Османлиско ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 10 муслимански семејства и 201 христијански семејства[2], а според вториот, 43 христијански семејства. Во текот на 19 век, селото било мешано и било во составот на Петричката каза.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коларово (Colarovo) е село со 302 семејства од кои 505 муслимани и 160 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1230 жители, од кои 1100 Турци и 130 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][6]. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7]. Во 1913 година, за време на Балканските војни, Коларово било освоено и запалено од грчката армија[8]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле бегалци од Егејска Македонија (главно од селата Горно Порој, Долно Порој и Липош, како и жители на повисоките села од планината Огражден[9]. Во 1916 година, професорот Васил Златарски, како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавје, во организација на седиштето на активната армија, го посетил селото. Во својот извештај до началникот на Генералштабот на активната армија, тој напишал дека Коларово е големо, поголемо турско село (200 турски и 100 бугарски куќи), но во времето на неговата посета немало Турци. Во нивните куќи веќе живееле бегалци од Горно Порој[10].
На 8 ноември 1948 година во храмот Свети Димитар бил убиен митрополитот Борис Неврокопски. Во 1952 година било основано читалиштето Јане Сандански.[12]
Институции
Знаменитости
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia