Мендово
Мендово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во планински реон на Огражден, на 9 километри западно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 4.065 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 212 метри. Јужно од селото Мендово тече реката Струмица. Во атарот на селото се наоѓа месноста Четиринаесет Чинари која е прогласена за споменик на природата со цел да се заштитат големите повеќевековни чинари кои го красат подрачјето. ИсторијаОсманлиско ЦарствоСело Мендово било основано за време на османлиската власт[1]. Првите жители на селото биле Турци. Во селото имало џамија, а денес можат да се видат остатоци од стариот турски пат. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Турци[2]. За време на Балканските војни, муслиманското население се отселило од местото. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле жители од Долна Рибница. Следната 1913 година било откриено училиштето „Свети Отец Пасиј’, и истото работело до 1989 година[1]. Население[3]
Редовни настани
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia