ЈаворницаОваа статија се однесува на селото во Пиринска Македонија. За берското село во Егејска Македонија, погл. Јаворница (Берско).
Јаворница — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во Општина Петрич на Благоевградската Област, Југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото Јаворница се наоѓа на 14 километри западно од Петрич. Сместено е во подгорието на реката Јаворница. Реката го оградува селското земјиште на север. На југ на селото се крева стрмен наклон од Беласица, а ридското подножје на релјефот се спушта малку на север. Најниските делови на селото имаат надморска височина од 190 метри, а највисоките се наоѓаат веднаш до планината на 500 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 13.626 км2. Соседните села се Камена и Клуч. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 750 мм. Почвите се претежно делвијално-ливадани. 1,5 км јужно од селото се наоѓа Јаворничкиот Водопад, до кој се стигнува преку обележана патека. ИсторијаРана историјаВо околината и во самото село биле пронајдени археолошки остатоци од антиката и средниот век. На подрачјето на Грка чука, северно од селото, се наоѓа тракиска гробница или некропола од доцното железо доба и антиката[1]. Османлиско ЦарствоПрвите жители на селото биле Македонци. Ова се гледа од фактот што дури и по падот на Македонија под османлиска власт, Турците ги користеле словенските имиња на месностите околу селото. Такви се Балабаница, Садината, Куманица, Виниште. Нема прецизни податоци за изгледот на населбата. Се претпоставува дека датира од десет столетија. Селото се наоѓало на истото место по доаѓањето на Османлиите. Единствено словенското соседство се преселило од исток кон запад, каде денес се наоѓа центарот на селото. Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година. Во истата година, во селото живееле 131 христијански и 16 муслимански семејства[2]. Селото било со мешано население во текот на 19 век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јаворовица (Yavorovitza) се состоела од 63 куќи од кои 75 жители муслимани и 100 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители, од кои 230 Турци и 120 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 македонски патријаршисти и гркомани[6]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По 1912 година, во селото се населиле жители од Гега и Кукурахцево. Денес селото е дел од Општина Петрич и има околу 350 домаќинства. Културни и природни знаменитости
Редовни настаниТрадиционалниот селски празник е на 24 мај. На 24 мај, на селскиот плоштад се одржуваат традиционални борби од најистакнатите борци во областа. Редовно се слават и муслиманските празници на Рамазан бајрам и Курбан бајрам. Култура и спорт
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia