Дреново (Петричко)
Дреново — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСело Дреново се наоѓа во источните падини на Огражден на 22 километри северно од градот Петрич. Атарот на селото зафаќа простор од 9.116 км ИсторијаЗа првпат селото под денешното име се споменува во грамотата на Јован Драгаш и Константин Дејанов, која е датирана во околу 1378 година[1]. Османлиско ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреново. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 84 христијански семејства[2]. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и се наоѓало во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г.Дреново (Drianovo) е село со 55 семејства и 190 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][6]. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[7]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia