Дреновца
Дреновца — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 13 километри западно од градот Петрич, во планински регион. Селото се наоѓа на надморска висина од 398 метри. ИсторијаОсманлиско ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреновци. Во истата година, во селото живееле 4 муслимански семејства и 17 христијански семејства[1]. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновца (Drenovtza) е село со 20 семејства и 55 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[2][4]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia