Чуричени
Чуричени — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото Чурилово се наоѓа на 16 километри северозападно од Петрич, во планинска област, на јужните падини на Огражден, во подножјето на врвот Куковски чукар. Селото се наоѓа на надморска висина од 399 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 23.297 км2. ИсторијаОсманлиско ЦарствоСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Чуричени. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 31 христијански семејства[1]. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чоришене (Tchorichené) е село со 85 семејства и 334 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 720 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 944 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 9 ученици[2][5]. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, десет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia