Вршен
Вршен или Врштен (грчки: Βήρσαν, Вирсан)[1] — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Било населено со Македонци-муслимани.[1] ГеографијаСелото се наоѓа на северните падини на планината Боздаг, во историско-географската област Чеч. Соседни села се Сидерово, Перух, Пепелаш и Странен.[1] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Вршан се заведени муслимани: 2; немуслимани: 9, ергени - 3, вдовици - 1.[2] Во скратен регистар од 1530 г. селото Виршани имало муслимани: 3 домаќинства; немуслимани: 9 домаќинства, ергени - 3, вдовици - 1.[3] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Виршани се наведува вака: муслимани - 2 семејства и 2 ергени; немуслимани - 9 семејства, 11 ергени и 1 вдовица.[4] Во список за Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. селото Вршен (Вршани) е запишано како населба со 8 немуслимански семејства.[5] В подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Вршен (Въшани) се запишани 22 муслимански домаќинства.[6][7] Ова дава слика за приближниот период на исламизација на населението. Во XIX век Вршен било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вршен (Vërchen) било село со 30 домаќинства на 90 жители Македонци-муслимани.[6][8] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Вршен (Варшен) имал 99 мажи Македонци-муслимани кои живееле во 30 куќи.[6][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врштен живееле 184 Македонци-муслимани.[10][11] Во ГрцијаВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Вршан живееле 34 семејства со вкупно 174 лица. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Според грчка статистика во 1913 г. во Вурсјан (Βούρσιαν) живееле 144 лица.[12] Во 1920 г. населението се намалило на 110 жители.[1] Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, сместувајќи се во селата околу градот Узунќопру. Во Вршен не биле населени грчки колонисти, туку селото е отпишано по наредба бр. 7512 на грчкото министерство за внатрешни работи од 1928 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia