Белотинци
Белотинци (грчки: Λευκόγεια, Левкогија; до 1927 г. Μπελοτίντσα, Белотинца[2]) — село во Општина Неврокоп во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 8 километри северно од општинскиот центар Неврокоп, во близина на границата со Бугарија во Белотинската Котлина помеѓу планините Стргач и Бесленски Рид. Покрај селото поминува реката Пикла крај вештачкото Белотинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 654 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоПодатоци за селото има задржано уште од средниот век. Во отоманските регистри од IV век селото е споменато како зијамет на Махмуд-бег Рекјани[3]. Во списокот на населените места со регистрирани имиња на главите на домаќинствата во втората половина на XV и почетокот на XVI век во селото Белотинци се регистрирани 129 лица[4]. Според отоманскиот список на населбите и немуслиманските семејства во нив, со оглед на нивното оданочување од 16 септември 1636 година, бројот на немуслиманските семејства во Белотинци е 36[5]. Според други два документа од 13 март и 22 мај 1660 година, во селото живеат 40 немуслимански семејства[6]. Селото во текот на XIX век се наоѓало во Неврокопската каза на Серскиот санџак во составот на Отоманското Царство. Жителите главно се занимавале со рударство, за што сведочат топонимите како Пехци, Самоков, Мадема и други. Во 1840 година во селото било изградено училиште со настава на грчки јазик. До 1870 училиштето имало црковен карактер за да во следната година се воведе бугарскиот јазик во наставата. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 294 семејства со 70 муслимани и 900 жители Македонци[7][8] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) селото го евидентирал како село со 264 македонски и 29 турски куќи[9] и вторпат како село со 300 семејства Македонци[10]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1920 жители од кои 1800 Македонци и 120 Турци[11]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 30 Роми[7][12]. ГрцијаПо започнувањето на Балканските војни, 14 луѓе биле доброволци во Македонско-одрински доброволни чети[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1361 жител[14], додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1183 жители[15]. Во текот на Балканските војни и на Првата светска војна, селото настрадало. Голем дел од населението побегнало кон Бугарија, и главно се населило во Неврокопско, Сливен и регионот и во Плевенско.[16] Под притисок на грчките власти, особено по познатиот инцидент во Трлис и Караќој од јули 1924 година кога биле убиени 17 Македонци, селото го напуштиле 1106 лица. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското исто така било принудено да замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Левкогија[17]. ДемографијаВо 1928 година во селото биле сместени 246 грчки семејства со 878 лица[18]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1212 лица, додека во 1940 година селото броело 1584 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 1057 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1278 жители, во 1971 година имало 745 жители, во 1981 година имало 605 жители, додека во 1991 година имало 611 жители[15]. Денеска, населението на селото е 465 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia