Селото се наоѓа во Елеската Котлина во подножјето на Црна Гора во историско-географската област Мрвачко. Лежи на 12 км југозападно од Зрново. Изградено е на рид наречен Кукуљ.[4]
Историја
Во Отоманското Царство
За време на Преродбата Старчишта било едно од големите, будни и стопански развиени села на Неврокопската каза со македонско население и мало влашко малцинство. До средината на XIX век било расцутна рударска населба. Малата селска река е богата со магнетитен песок и по нејзиното течение има многу задми (руди), па затоа се нарекува и Задменска Река. Во селото имало две печки и еден самоков кои работеле до крајот на XIX век.[4] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1835 г.,[5] а „Живоносен Извор“ е од 1876 г.[6]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал за Старчишта:
„
Старчишта на рекичката Црвенина (жителите се Македонци и Турци).[7][8]
“
Во 1855–1856 г. во селото е отворено училиште на грчки. Просветата доживеала голем расцут од 1867 до 1870 г. за време на учителот Никола Падарев, кога е воведен мајчиниот јазик во училиштето и црквата. Наставата се одвивала по заемоучителниот метод.[9] Во 1873–1874 г. учител во селото бил Димитар Мавродиев.[10] Во Старчишта се создале две страни — главна македонска и малобројна влашка, поддржана од власта. Судирот меѓу двата табора особено се засилил по 1876 г. кога доаѓа до тепачка во црквата и приведување на водачите на македонската страна. Спорот завршил во полза на Македонците, а серскиот силогос одбил парична помош за изградба на посебна црква и училиште за Власите.[11]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Старчишта како село со 259 македонски и 75 „турски“ куќи.[12][14]
Старчишта, големо мешано село во пазувите на Црна Гора, на Ј од Неврокоп 8 часа. До него минува суводолицата Црвеничка; куќите се изградени на ридот Кукул. На И се простира истоименото поле. Земјата тука е најплодна од цело Неврокопско; освен житните растенија, се сеат тутун и лен; на многу места по полето блата покриени со ели. По полето почнуваќи од Зрново до Долно Броди се забележуваат 6 вештачки тумби (tumulus) какви што има по други места на Балканскиот Полуостров. Училишта има 3: бугарско со 80 ученици; гркоманско со 30 ученици (силогосот го поддржува) и турско. Бугарска црква и гркоманска.[15]
“
Во 1891 г. Васил К’нчов минал низ Старчишта и напишал:
„
Селото Старчиштаа ми направи најдобар впечаток при самото влегување во него. Од исток и од запад на селото се издигат два високи врва — краеви на два срта што се спуштаат од Црна Гора. Меѓу нив густо се набиени селските куќи. На север од селото се протега весела долина низ која се спушта Старчишка Река од врвовите на планината, а на југ се широко се простира зеленото рамно дно на котлината...
Во Старчишта има 300 куќи Македонци,[12] 8 куќи Власи и 100 куќи Турци [всушност Македонци-муслимани]. Власите и 11 македонски куќи уште го признаваат грчкиот владика, а останатите се под врховенството на Егзархијата. И тука селаните долги години воделе борба за своја црква и бугарско училиште.[12][16]
По 1904 г. во грчкото училиште предавале учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.[19]
Поголемата селска црква „Св. Никола“ e изградена во 1835 г. и им припаѓала на егзархистите. Подоцна била живописана со епизоди од бугарската историја и проповед на македонските светители Кирил и Методиј.[4][16]
Во извештај до владиката Иларион Неврокопски од 1909 г. Старчишта е опишано вака:
„
С. Старчишта... се наоѓа во подножјето на Црна Гора. Низ селото минува мала рекичка, која летно време речиси пресушува. Има убаво плодно поле прочуено со бујни и добри растенија. Низ полето минува р. Црвеница, која се разлева во полето и прави многу пакости. Оваа река минува низ пештерата и излегува точно до с. Кубалница, Драмско. Тука таа го носи името Панега.
Старчишта има 274 македонски куќи[12] со 1280–1300 души население, 200 турски куќи со 500 души и 15 влашки куќи кои се грчат.
Селаните се занимаваат со земјоделство и сточарство. Земјоделците обработуваат и житни растенија. Повеќето земјоделци се Власи. Повеќето земјишта се во сопственост на турското население, меѓу кои се и главните богаташи.
Црквата „Св. Никола“ е голема и убава зграда. Се наоѓа на сретселото, во македонскиот дел. Училиштето е убаво здраво здание, но сега му треба ремонт и поправка.[20]
“
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението се намалило на 1.951 жители поради бегството при налетот на грчката војска. Во 1920 г. нивниот број се намалил на 1.539.[3] Голем број на семејства се преселиле во Бугарија.[3] За време на бугарската окупација на селото во Првата светска војна во селото служел попот од пиринското село Тешово преку границата.[21]
Во 1919 и 1925 г. повторно дошло до преселба во Бугарија — во Неврокоп и околината, во Пештера, Пловдив и др.[4] По 1934 г. официјално во Бугарија се иселиле 542 лица.[3] На нивно место се доведени неколку десетици грчки колонисти од Мала Азија.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Перитори.[3] Во 1928 г. Старчишта било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.377 жители, од кои 811 лица (213 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани.[22] Во 1940 г. селото имало 2.579 жители, но 500 од нив биле војници од пограничниот гарнизон. Во 1945–1946 г. уште жители на селото се иселиле во Бугарија.[3]
Во февруари 1945 г. селото е нападнато од четата на Теодос Бурџис, која убил 7 лица, а много од жителите избегале во Бугарија.[23]
По 1960-тите почнало иселување во големите градови. Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.[3]
Димитар и Георги Варадинови (Варадеви), дејци на ВМОРО, учесници во Илинденското востание со четата на Атанас Тешовалијата и во воспоставувањето на Егзархијата во Драмско и Неврокопско. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна со V Пешадиски македонски полк, по доаѓањето на комунистичкиот режим во Бугарија се иселил со синот во Торонто, каде починал на возраст од 103 години[31]
Димитар Георгиев (Δημήτριος Γεωργιάδης, Димитриос Георгијадис) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат за неговата дејност[32]
Димитар (Митруш) Славков — револуционер, деец на ВМОРО, починал пред 1918 г.[30]
Зјогас (Ζιώγας) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат[33]
Иван Гаваљугов — општественик
Иван Герчев — револуционер, деец на ВМОРО, жив во 1918 г.[30]
Иван Аврионов (Ιωάννης Αβριωνίδης η Αβριώνης, Јоанис Аврионидис или Аврионис, 1887 – ?) — гркомански андартски деец, четник и врска со Серскиот конзулат, убиен во борба со Македонци[32]
Илија Дедостефанин — револуцонер, деец на ВМРО[34]
Илија Иванов (Ηλίας Ιωάννου, Илијас Јоану) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат[35]
↑ 4,04,14,24,34,4Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 15.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 8.
↑Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 – 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 82. no-break space character во |title= во положба 84 (help)
↑Цокова, Полина (2009). „Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912 - 1919 година“. Исторически преглед. София: Институт по история при БАН. 65 (1–2): 96. no-break space character во |issue= во положба 2 (help)