Селото се наоѓа на 12 км јужно од Зрново[4] на планината Боздаг (Фалакро). Сместено е во висока котлина во Ружденската Клисура на реката Калина низ која минува главниот пат од Неврокоп за Драма и Кавала. Од сите страни селото е оградено со високи и стрмни планински сртови — на север Свети Илија, на југ Коријата, на запад Свети Петар, а на исток Бора и Пазлака.[5]
Историја
Во Отоманското Царство
Првобитната местоположба на селото била на исток од месноста Селиштето, но поради обесшумувањето на јужната падина на сртот Свети Илија и голем дел од Бора, каде се добивало многу дрвен јаглен, жителите се преселиле во осојното подножје на Коријата. Крај селото се наоѓа месноста Костобија со урнатини од стари градби, веројатно од старата римска тврдина која го чувала патот.[5]
Како што покажува името, селото било рударско, особено добивањето на железо. Уште од средниот век тука се добивале фероманган, среброносен галенит и други дури, за што сведочат напуштените галерии наречени „дупки“. Во раноосманлиско време селото било дервенџиско.[6]
Ѓуреџик, на С од Просечен во пазувите на Боздаг, во едно долиште, заградено со ограноци од Боздаг. Растојанието од Просечен до Ѓуреџик е 31⁄2 часа; пат нерамен и тесен. Земја за орање нема; селаните се јагленари и дрваи. Црква во која се служи на грчки и грчко учлилиште со 30 ученици. Бројот на куќите е 70, сите Македонци.[8][9]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е запалено од грчката армија[13] и припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1913 г. немало повеќе од 120 куќи.[6]
Според грчка статистика во 1913 г. во Руждене (Γκιουρετζίκ, Ѓуреџик) живеел 481 човек.[14]
Во 1913 и 1918 г. 35 семејства се преселиле во Бугарија. Во 1920 г. населението веќе се смалило на 387 жители.[3] Останатите жители се иселиле во Бугарија во 1925 г. Тие се населиле во Пловдив и околината, Неврокоп и околината и Јамболско.[6] На нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. Руждене е попишано како мештанско-дојденско село со вкупно 573 жители,[3] од кои 159 лица (44 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани.[15] Според Симовски дојденците броеле 209 лица.[3]
За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) жителите на Руждене се преместени во внатрешноста на земјата, а по неа само мал број се вратиле.[3]
Населението произведува компир, тутун и други земјоделски производи. Поради големите пасишта во атарот, населението се занимава и со сточарство.[3]
Месности во Руждене преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
↑ 5,05,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 14.
↑ 6,06,16,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 15.
↑Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 34.
↑Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28.
↑ 19,019,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 117.
↑Енциклопедия. Българската възрожденска интелигенция. Учители, свещеници, монаси, висши духовници, художници, лекари, аптекари, писатели, издатели, книжари, търговци, военни... София: ДИ „Д-р Петър Берон“. 1988. стр. 616.