Ливадишта
Ливадишта (грчки: Λιβαδάκι, Ливадаки; до 1927 г. Λειβάδιστα, Ливадиста[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната Општина Неврокоп на Драмскиот Округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало околу 28 км северозападно од Драма и 10 км североисточно од Зрново, во падините на планината Боздаг, на надморска височина од 680 м.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Ливадишта било македонско село во Неврокопската каза на Драмскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ливадишта (Livadischta) имало 52 домаќинства и 180 Македонци.[3][4] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во селото имало 52 македонски домаќинства.[3][5] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 450 жители, сите Македонци.[3][7] Во Првата балканска војна, 28 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[8] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 482 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 265, поради масовно иселување во Бугарија. По крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г. 266 лица се иселиле во Бугарија по официјален пат..[2] На местото на иселеното македонско население биле доведени 45 бегалски семејства (вкупно 123 бегалци) од Мала Азија, со што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадаки (Λιβαδάκι).[1] Селото настрадало за време на Втората светска војна, поради што броело само 12 жители во 1951 г. Наполно е раселено во текот на 1960-тите, а подоцна избришано од евиденција.[2] Културни и природни знаменитостиЦркви ЛичностиРодени во Ливадишта
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia