Селото се наоѓа на 7 км западно од Зрново, во јужното подножје на планината Стргач.
Историја
Во Отоманското Царство
През ΧΙΧ век Куманич било чисто македонско село во Неврокопската каза на Серскиот санџак. Било единственото чифлигарско село во Мрвачко, сопственост на неврокопски бег.[4] До средината на XIX век жителите на Куманич промивале магнетитски песок на планината Црна Гора, а од Стргач добивале огноотпорни плочи и камења за печките. Дел од населението се занимавало со дрндарство и тие мајстори заедно со либјаховските стасувале на југ дури до Солун.[4]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 820 жители.[3] Зимата 1919 г. дошло до иселување на дел од населението, кои се сместиле во Неврокопско, Пазарџик и други места.[4] Според Тодор Симовски, по Првата светска војна околу половина од населението се преселило во Бугарија. По крвавиот Трлиски инцидент од 1924 г. 479 лица се иселиле во Бугарија по официјален пат. На нивно место се доведени грчки колонисти.
Во 1928 г. Куманич е заведено како мештанско-дојденско село со 505 жители[3] од кои 384 лица (102 семејства) биле грчки дојденци и 121 македонски староседелец.[12]
За време на Граѓанската војна (1946–1949) жителите на селото се иселени во внатрешноста на земјата, и по крајот на војната еден дел од нив не се вратил.[3]
Населението произведува тутун, жито, компир и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Месности во Куманич преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
↑ 4,04,14,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 13.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN954-8187-21-3.