Селото се наоѓа во областа Дримкол, во североисточниот дел на територијата на Општина Струга, од десната страна на заезерената долина на Црн Дрим.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]
Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Фурка, Брчески Осој, Лескоец, Калиманица, Дедено (тука било село порано), Долни Куртел, Безески Рид, итн.[3]
Историја
Глобочица пред потопувањето. Фотографија од 1962 година, дело на Џоел Халперн
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Глобочица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 26 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Селото е целосно раселено по 1981 година, кога што броело двајца жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Глобочица немало жители.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Староселеделци:Трендовци (4 к.), Анѓелковци или Трајановци (2 к.) и Постоловци (2 к.)
Доселеници:Мечкаровци со Петревци (17 к.) потекнуваат од браќата Петре и Ѓоре. Тие се доселиле од некое село во пределот Голо Брдо, денес во Албанија; Марковци или Стојановци со Спировци (4 к.) доселени се од селото Лотница кај Пискупштина (сега не постои), Дебарски Дримкол; Цветковци (2 к.) доселени се однекаде; Иловци (10 к.) имаат исто потекло како и родот Марковци; Солешиковци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Солун, Егејска Македонија, пред околу 170 години. Они се најмлади доселеници.[3]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Глобочица, се наоѓале и селата ’Ржаново, Богоица, Брчево, Збажди, Локов, Мислодежда, Поум и Присовјани. Во периодот 1950-1952 година, селото Глобочица било дел од некогашната општина Присовјани, во која влегувале селата Глобочица, Збажди и Присовјани.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1887, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во селото Луково. Во избирачкото место е опфатено и селото Луково.[14]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Од Анѓелковци иселеници има во: Прага, Чешка (две семејства од 1937 година) и во Белград, Србија (едно семејство од 1941 година)
Од Постоловци има во: Цапари, Битолско (едно семејство од 1896 година) и во Земун кај Белград, Србија (едно семејство од 1944 година)
Од Иљовци има во: Осиек, Хрватска (едно семејство од 1924 година) и во Прага, Чешка (едно семејство од 1937 година)
Од Мечкаровци има во: Грац, Австрија (три семејства од 1904 година), Брчево (како една куќа од 1875, сега четири куќи) и во Белград, Србија (три семејства од 1947 година)
Од Спировци има во: Прага, Чешка (две семејства од 1900 година) и во Бремен, Германија (едно семејство од 1910 година)
Од Солешковци има во: Ботун, Дебрца (како домазет од 1917 година), Војводина (едно семејство од 1946 година) и во Белград, Србија (едно семејство од 1947 година).[3]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.