ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани
Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани. Историја![]() ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното основно училиште „Никола Карев“.[2] Вториот кат бил изграден во 1963 година.[3] ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.[4] Досегашни директориНаставаВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia