Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 31 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 98 мажи муслимани, со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 212 жители.[2]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 200 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
847
—
1953
929
+9.7%
1961
893
−3.9%
1971
952
+6.6%
1981
1.277
+34.1%
Година
Нас.
±%
1991
6
−99.5%
1994
1.642
+27266.7%
2002
1.902
+15.8%
2021
2.017
+6.0%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[7]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.902 жители, од кои 1.899 Албанци и 3 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.017 жители, од кои 4 Македонци, 1.977 Албанци, 1 Бошњак, 2 останати и 33 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:
Доселеници:Шишколар (20 к.) најстар селски род во селото. Основачот на родот се доселил од Горна Река пред околу 250 години; Кривогас (18 к.) доселени се после претходниот род. Доселени се од некое село во Долна Река. Основачот на родот бил македонски муслиман, кој говорел само македонски. Но поради мешањето со доминантно албанското население тие сега го употребуваат албанскиот јазик и се сметаат за Албанци; Фичор (16 к.) доселени се од некое село во Горна Река. И сега имаат роднини во некое горнореканско село; Незиралар (20 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Торбешалар (22 к.) најмлади доселеници. Нивното потекло е од некое село во Долна Река. Од истото село како и родот Кривогас. Основачот на родот зборувал само македонски. Го знаат следното родословие: Мемет (жив на 70 г. во 1951 година) Ибраим-Нуредин-Јусуф-Рустем, основачот на родот кој се доселил. После родот Торбешалар никој не се доселувал во селото, и отогаш селото растело само по природен прираст.[14]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“