Девојчето со две имиња
Девојчето со две имиња — роман за деца и млади на македонската писателка Јадранка Владова, првобитно издаден во 1993 година. Содржина
Романот започнува со Нене, која во јас форма раскажува за разделбата на своите родители, поделбата на семејството, причините и последиците од одлуките на родителите, одвоеноста на двете сестрички, едната кај мајката, другата кај таткото. [2] Ова е „книга за едно семејство што се распаѓа и за две сестрички кои мораат да бидат разделени. Нене (или Даде), постарата сестричка, заминува да живее со тато, а помалечката Снеже, останува со мама. На солзите им нема крај! Едно недоразбирање, едни неискажани зборови и еден недовршен разговор ставаат крај на хармонијата во семејството... Нене не може да се справи со напливот на емоции во своето малечко детско срце. Сакаат да ја разделат од нејзината сестричка Снеже, од нејзиното сонценце што го сака цела една вечност од четири години. Страшно! Не може да им прости на родителите: сега им текнало дека веќе не се сакаат, си решиле господата дека децата можат така, како бонбончиња, или како некоја чоколада да се поделат! Цааап! На ти тебе едно половинче, а ова другото е за мене! Ееее! Не може тоа така, нека извинат, ама не може!.. Нене има само една единствена и најголема желба: сето ова да заличи на некаков сладникав филм со среќен крај. Нејзиното сонценце Снеже повторно ќе ги извикува нејзините две имиња: Да-да!!! Не-не!!!“ - претставена е книгата во кратката содржина на ikona.mk. [3] За да го исполни својот сон, Нене решава да ги преземе работите во свои раце, кога одлучува да престане да зборува. Од таа нејзина одлука, но и од преиспитувањата на грешките и недоразбирањата кај возрасните, семејството повторно се обединува. „Девојчето со две имиња“ претставува извонредно дело на македонската авторка Јадранка Владова, и е топла приказна за важноста на семејството и хармонијата во животот на детето. Изданија
Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia