Песочница (село)
Песочница (грчки: Αμμοχώρι, Амохори; до 1927 г. Πεσόσνιτσα, Песосница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.250 жители (2011), од кои Македонците се огромно мнозинство.[3] ГеографијаСелото е сместено во Леринското Поле, околу 6 км источно од Лерин и 4 км северно од Кучковени. Низ Песочница тече Мала Река. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Пешошница како македонско село.[4][5] В 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја обележал Песочница како македонско село.[4][6] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песочница живееле 850 Македонци христијани и 200 Турци.[7][8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Песошница се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 156 куќи.[9] Според извештај на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, на крајот на 1902 г. сета Песочница (село во Леринската околија со 156 куќи) потпаднала под врховенството на Бугарската егзархија и нејзината пропаганда, а претходно била поделена помеѓу егзархијата и Цариградската патријаршија (грчката проаганда).[10][11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песочница живееле 800 Македонци, сите под егзархијата.[7][12] Во Песочница работело бугарско училиште со учител Б. Ацев.[13] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 794 жители, кои во 1920 броеле 796 лица.[3] Во 1920-тите малобројното турско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите доселиле 156 грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Амохори, што е грчки превод на македонското име(букв. „песочно село“).[14] Во 1928 г. во Песочница се попишани 1.092 жители, од кои македонските мештани останале огромно мнозинство. Во 1940 г. населението се зголемило на 1.508 жители.[3] За време на Втората светска војна селото е окупирано од германски војска и во него е отворено бугарско училиште.[15] Селото не настрадало во Грчката граѓанска војна, па затоа во 1951 г. е попишано со 1.582 жители.[3] Во 1961 г. населението броело 1.510 жители, но во 1961 г. се намалил на 1.310 лица поради иселување на извесен број на Македонци во прекуоканските земји, и на грчките доселеници во околните градови. На пописот од 1981 г. Песочница броела 1.362 лица, кои во 1991 г. се зголемиле на 1.600.[3] Во следниот период населението повтороно опаднало, со 1.294 во 2001 и 1.250 во 2011 г. Цркви
Селска слава е Ѓурѓовден, на 23 април.[16] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото има прилично плодно земјиште. Се одгледуваат жито, тутун, компир и бостан, а делумно е застапено и сточарството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia