ОУ „Малина Попиванова“ - Кочани
Училиштето е именувано по истакнатата македонска комунистка Малина Попиванова. ИсторијаУчилишната зграда, во периодот од 1963 до 1985 година, припаѓала на Средното училиште „Гошо Викентиев“.[2] Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани е основано со одлука бр. 02-251/4 од 26 август 1985 година, а е верифицирано со решение бр. 13-6492 од 20 декември 1985 година од Секретаријат за општествени дејности на Кочани.[3]
ГрадбаОсновното училиште располага со две училишни згради и една спортска сала. Во училниците кои се во дворот во училиштето се изведува настава со учениците од прво одделение и во истата зграда се наоѓа кабинетот по техничко образование. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia