Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 51 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 106 жители.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[6]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Палиград, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
На пописот од 1994 година селото има 397 жители, а на пописот од 2002 година селото Палиград има 303 жители, од кои 302 Албанци и 1 Бошњак.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 7 Албанци и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Палиград е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Доселеници:Бељозе (11 к.) се меѓу најстарите доселеници во селото. По потекло се од северна Албанија. Во родот се знае следното родословие. Рамиз (жив на 55 год. во 1951 година) Дурмиш-Таир-Сејди-Балто, основачот на родот кој се доселил. Нивното населување може да датира некаде кон крајот на 18 век. Имаат свои иселеници во соседната населба Круша, и во селото Морани; Селимлар (13 к.) доселени во исто време кога и претходниот род. По потекло се од северна Албанија; Љуше (8 к.) доселени се од северна Албанија. Го знаат следниот родослов. Сулејман (жив на 75 год. во 1951 година) Бекир-Синан-Љушо, основачот на родот. Во овој род имало човек Сали Ќаја кој бил најголем сточар во селото. Имал околу 300 овци, 200 кози, 100 говеда, 20 коњи, како и задруга од околу 30 членови. Иселеници од овој род има во Морани и во Скопје (2 семејства); Мусалар (17 к.) потекнуваат од северна Албанија. Најстари предци во овој род биле Мусо и Бислим. Го знаат следното родословие. Рамадан (жив на 47 год. во 1951 година) Јонуз-Кајил-Мусо, кој се доселил со братот Бислим; Дуракалар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век; Бељулар (9 к.) по потекло се од северна Албанија, овде живеат од кога и претходниот род. Имаат иселеници во Моране; Лиманлар (10 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од кога и претходните родови.[13]
Иселеништво
Албански иселеници од селото има во Морани, Скопје (8 семејства) и во Велес.[13]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 13,013,1. Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)