Христо Смирненски
Христо Димитров Измирлиев, познат со псевдонимот Христо Смирненски (17 септември 1898 – 18 јуни 1923) — македонски поет,[1][2] кој се преселил во Бугарија. ![]() ЖивотописХристо Смирненски е роден на 17 септември 1898 во Кукуш, Егејска Македонија (денес во составот на Грција). Неговиот татко бил занаетчија, поточно слаткар. Во 1913 година градот Кукуш бил разорен до темели како резултат на одмазда во текот на Балканските војни. Петнаесетгодишниот Христо се нашол меѓу илјадниците бегалци на пат кон Бугарија. Целото семејство се населило во Софија, каде Христо започнал да учи во техничкото училиште, а подоцна се префрлил во јункерската школа за млади офицери. Христо потоа студирал право, но неговата вистинска преокупација била книжевноста. За сето време се стремел да се здобие со што посолидно марксистичко образование, застанувајќи на страната на обесправените пролетери. Христо Смирненски се разболел од тифус, но набргу ја надминал оваа болест. Веднаш после тифусот, Христо се разболел од туберкулоза и починал на 18 јуни 1923 година[2]. Книжевно творештвоВо период од пет години пред својата смрт, Христо Смирненски создал едно импозантно книжевно дело. Тој пишувал претежно поезија, но и проза, главно хумористично-сатирична тематика. Автор е на една единствена книга на поетско-револуционерна поезија - „Да биде ден“ (1922), која се смета за неповторлива во својата творечка автентичност. Неговата поезија е социјално-револуционерна. Слично како и Никола Вапцаров, и Смирненски пее со восхит, со занес за револуционерните настани, за експлоатираниот работник и за самите револуционери. Поважни песни со ваква тематика се: „Левски“, „Христо Ботев“, „Јохан“, „Да биде ден“, „Кон висините“, „Роза Луксембург“, „Низ бурата“, „Први мај“, „Смртта на Делеклуз“ и други. Имал напишано и песни инспирирани од Октомвриската револуција. Такви песни се: „Москва“, „Црвените ескадрони“, „Советска Русија“, „Северниот Спартак“ и други. „Автономна Македонија“Текстот „Автономна Македонија“ потекнува од 1922 година. Тој е за првпат објавен во весникот „Маскарад“ на 10 декември 1922 во Софија. Овој весник е формиран по иницијатива на самиот Смирненски и на неговиот брат Тома Измирлиев и се печател неполни две години (1922-1923). „Автономна Македонија“ е напишана на македонски јазик, поточно на еден од источните дијалекти на македонскиот јазик од кој доминира кукушкиот говор. Написот е потпишан со псевдоним „Баш-комита“[3]. Исто така, треба да се забележи дека во текстот Смирненски се подбива со акциите на лажните македонски автономисти во редовите на емиграцијата во Бугарија (се мисли на следбениците на Тодор Александров и Протогеров) кои во тој период почнуваат со масовни убиства и терористички акции. Зад грбот на овие квази патриоти стои мрачната сенка на крупната бугарска буржоазија. Ова е период кога братоубиствените борби помеѓу Македонците во Бугарија земаат страшен замав. Споменатиот „Стамболија“ е Александар Стамболиски, кој во ноември 1922 година го посетува Белград и бара конструктивни патишта кон решавање на македонското прашање. Тој бил убиен потоа.[4] Текст
Во чест на СмирненскиОд 2008 година во чест на Смирненски е наречен 'рт на Робертовиот Остров што е дел од Јужните Шетландски Острови на Антарктикот. Наводи
ПоврзаноЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia