Ѓорги Поп-Атанасов
Ѓорги Поп-Атанасов — македонски теолог, професор и истражувач, историчар на книжевност, археограф, старословенист, доктор по филолошки науки и академик во МАНУ. ЖивотРоден е во село Елешница, Разлошко, Пиринска Македонија. По стекнувањето богословско образование во Софија во Бугарија, работел во администрацијата на Неврокопската епархија во Горна Џумаја, каде бил под постојани притисоци поради неговата македонска етничка припадност. Ваквите причини го натерале во 1972 година да се пресели во Република Македонија[1], каде се вработил во административните служби на Македонската православна црква во времето на Архиепископот Доситеј. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје[1]. За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година. Дело![]() Работел како редовен професор на Православниот богословски факултет во Скопје, каде предава староеврејски јазик а ги предавал и другите предмети од Стариот завет. Во својата истражувачка работа најголемо внимание им посветува на темите од областа на средновековното македонско книжевно наследство, поради што неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска книжевност[1]. Позначајни негови објавени дела се:
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia