Венци
Венци — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година во селото живеат 102 жители. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 4 км југоисточно од градот Гребен. ИсторијаПод владение на Османлиското ЦарствоКон крајот на XIX век Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската каза на Османлиското Царство. Покрај селото се наоѓа познатиот Венцишки пазар, еден од најголемите во југозападна Македонија.[2] Во тој период во Венци живее муслиманско гркојазично население. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Венци живеат 150 валахади (гркојазични муслимани) и 207 Грци христијани. Во специјална забелешка се забележува и присуството на „одреден број на погрчени Власи“[3] Според записите на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Венци (Ventzi) има 205 Грци.[4] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Βέντσια е целосно муслиманско село со 300 валахади.[5] Ова е потврдено и од грчката атинска статистика од 1910 година, според која Βέντσια има население од 170 муслимани.[6] Грчка окупацијаВо текот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во составот на Кралството Грција. Според сведоштвата од 1920 година Венци е целосно муслиманско валахадско село со 29 семејства и 260 жители.[7] Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени Понтски грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селиото е претставено како бегалско со 39 семејства и 122 жители.[8] Во 1927 година името на селото е сменето во Кендро, што во превод значи центар. СтопанствоНаселението во селото се занимава со производство и делумно со сточарство ДемографијаЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia