Палеокоприва
Палеокоприва (грчки: Κνίδη, Палеокниди; до 1957 г. : Παλαιοκόπριβα, Палеокоприва[1]) — напуштено село во Егејска Македонија, општина Гребен, област Западна Македонија. ГеографијаОколу 3 километри северно од Коприва, на надморска височина од 690 метри, до граѓанската војна постоело макото село Палеокоприва кое административно влегувало во составот на општината Коприва.[2] ИсторијаИзгледа дека се работи за постарата населба Коприва, одамна напуштена од месните жители кои изградиле нова населба позната како Коприва. Во постарите статистики Палеокоприва не се спомнува, што укажува дека била сосема напуштена. Обновена е во 1923 година, кога тука биле населени 15 бегалски семејства со вкупно 40 жители, колку што броело селото во пописот од 1928 година, а во пописот од 1940 година селото е евидентирано со 61 жител. Палеокоприва настрадала во времето на Граѓанската војна и повеќе не била обновена.[2] Извори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia