Стихази
Стихази или Стизјахи (грчки: Αηδόνια, Ајдонија; до 1927 г. Στηχάζι, Стихази[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 53 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е сместено на надморска височина од 760 м, околу 20 км северозападно од градот Гребен.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото е основано во XVIII век во времето на Али-паша Јанински од доселеници дојдени од областа Епир.[4] Во XIX век Стихази било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Стихази живееле 445 Грци.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стизахи се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 55 куќи.[6] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Стихази живееле 300 Грци христијани.[7] Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“.[8] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 508 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 350.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ајдонија (Αηδόνια). СтопанствоНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 508 жители, во 1920 година со 350 жители, во 1928 година со 390, во 1940 година со 387, во 1951 година со 266, во 1961 година со 248, во 1971 година со 127, во 1981 година со 222, а во 1991 година со 154 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Стихази била приклучена во општината Ираклеотес во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен. Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Стихази, во кој влегува и селото Палеокоприја. Културни и природни знаменитостиЦркви
ЛичностиРодени во Стихази
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia