Стара Милја
Стара Милја (грчки: Παλιά Μηλιά) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Од пописот во 1981 година жители жителите на селото се регистрирани во новоформираното село Милја.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа североисточно од градот Гребен, околу 3 километри северозападно од Добратово (Ватолакос). Современото село Милја е изградено во средината на 1960-те години на 1,5 километар на север од селото. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоКон крајот на ХІХ век Милја е грчко христијанско-муслиманско село во северниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Милја имало 150 Грци христијани и 100 валахиди (грчки муслимани).[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Милја станува дел на Кралството Грција. Во 1963-1964 година со цел да се избегна честите појави на свлечишта, жителите се иселени на 1,5 километар на север во новооснованото село Милеја. Оттогаш старото село се нарекува Стара Милја (Παλιά Μηλιά, Палија Милја). Во него е сочувана црквата „Св. Димитриј“ од 1900 година.[4] ДемографијаВо средината на 1920-те години муслиманскиот дел од селото е иселен во Турција согласно Лозанскиот договор и на негово место се доселени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година регистрирани се 11 семејства со 36 жители од бегалците.[5] ПописиДвижењето на населениото по години е следното[6]:
СтопанствоНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia